Новак Ѓоковиќ најпосле го освои тоа што му недостигаше, а тоа е златниот медал на ЛОИ. И така беше се до денеска кога попладнево во финалето во Париз во еден неверојатен меч успеа да го победи Карлос Алкараз и да дојде до остварување на сонот.
Се разбира дека после мечот измешани беа емоции, солзите беа тука, радоста со семејството и најблиските, а првата негови зборови беа:
„Ова злато за Србија е мојот најголем успех во кариерата. Горд сум премногу, среќен сум премногу.По мечот веднаш отидов да ги прегрнам моите најблиски, сега во мене се мешаат милијрда емоции. Не знам што друго да кажам, во целост сум во шок…“ посочи најдобриот во историјата.