Новак сака и на ОИ во Лос Анџелес

787

По освојување на златниот медал во Париз, прво и најблескавото одличје, Новак Ѓоковиќ најави дека ова нема да му биде последен олимписки турнир. Зборувајќи за медиумите во Париз, Новак ги шокираше сите го наговествување дека може да игра и на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.

На прашањето дали Марјан Вајда му рекол дека ќе стане шампион, ако не сега, тоа ќе го направи во Лос Анџелес, Ноле одговори:
Секако. Затоа Марјан го кажа тоа, затоа што добро ме познава. Како и моите родители. Точно, би играл. Јас би сакал да играм во Лос Анџелес, уживам да играм за Србија, да бидам дел од олимпискиот тим“.
Ако заигра во Лос Анџелес, тоа ќе му бидат шести Олимписки игри, а тогаш ќе има 41 година!

ПретходноПријателски: Дианеси за победа на Вардар, Шкендија ремизираше, Шкупи убедлив, Гостивар го совлада Тиквеш…
СледноИталијанки испишаа историја, донесоа прво злато во тенис за својата држава