Франција го фати последниот воз за четвртфиналето

53

Ракометната репрезентација на Франција славеа победа над Унгарија со 24-20 и го фатија „последниот воз“ за четвртфиналето на Олимписките игри во Париз. По двата порази на стартот и ремито со Египет, Французите ја совладаа Аргентина и останаа во „живот“, па во клучниот меч ја победија Унгарија и го освоија четвртото место во групата.
А тоа значи дека Французите во четвртфиналето ќе играат со првопласираниот од другата група – Германија.
Елохим Пренди со седум гола беше најефикасен на мечќот, а по пет постигнаа Мем и Деска. Кај Унгарија Имре реализира шест гола.

ПретходноФото на денот: Златниот медал во рацете на Ноле!
СледноСимеоне добива екстра засилување!