Шведска ја заврши својата работа во последното коло од групната фаза на ЛОИ, славеше против Јапонија со убедливи 40-27 и се пласираше во четвртфиналето.
Ракометарите на Шведска имаат шест бода, исто колку и Словенија и Германија, кои веќе се пласираа во следната рунда и ќе се пресметаат за првото место во групата. Четвртата екипа која ќе се завери билет за четвртфинале ќе биде позната вечерва, по мечот меѓу Шпанија и Хрватска.
Дванаесет различни ракометари се запишаа меѓу стрелците, а најефикасни беа Карлос со шест и Готфридсон со пет погодоци. На другата страна, Наоки Сугиока имаше девет погодоци.