Шпанците ги исфрлија Хрватите, познати се четвртфиналните двојки на ОИ

908
FOTO: Шпанска ракометна федерација https://www.rfebm.com/

Репрезентацијата на Шпанија е четвртфиналист на ракометниот турнир на Олимписките игри во Париз. „Фуријата“ во директен дуел ја совладаа Хрватска со 32-31 и со тоа го освоија четвртото место во групата и го фатија последниот воз за топ 8 фазата, додека Хрватите се пакуваат за дома.
По првото полувреме Шпанците имаа 20-15, во второто полувреме Шпанците го чуваа водството, Хрватите во финишот четири пати стигнуваа до -1 на 10 секунди до крајот имаа реми, но потоа Гомез даде гол и го реши победникот.
Најефикасен кај Шпанците беше Родригез со шест голови, а кај Хрватска Кларица реализираше седум голови.

ЧЕТВРТФИНАЛНИ ДВОЈКИ
7 АВГУСТ
ГЕРМАНИЈА – ФРАНЦИЈА
ШПАНИЈА – ЕГИПЕТ
НОРВЕШКА – СЛОВЕНИЈА
ДАНСКА – ШВЕДСКА

ПретходноЕндрик: “Мои идоли се Кристијано Роналдо и Сер Боби Чарлтон!“ (ВИДЕО)
СледноПоранешен играч на Арсенал и на Трабзон го засили Виљареал