Јувентус повторно разочара, Тиаго Мота конечно го „пречкрта“ Киеза

521

Јувентус ремизираше 2:2 против француски Брест во контролниот меч одигран во Пескара. Ова беше втор летен тест за „Старата Дама“ по поразот со 0:3 од Нирнберг. Головите за тимот на Тиаго Мота ги постигнаа Душан Влаховиќ и Данило, а по натпреварот новиот тренер на Јуве потврди дека Федерико Киеза нема да биде дел од составот.

„Киеза, како и сите други играчи кои денеска не беа во групата, не се дел од нашиот проект. Јасно им ставивме до знаење дека треба што поскоро да најдат нови клубови. Одлуката е веќе донесена“, изјави тренерот на Јуве.

Федерико Киеза се најде на трансфер листата откако одби да потпише нов договор. Најблиску до потписот на италијанскиот интернационалец е Тотенхем.

ПретходноНачевски и Николов во центарот на теренот на големото скандинавско дерби
СледноЗа Карлито има време: Ѓоковиќ во епизодата – сега или никогаш!