Деветтиот Олимписки ден ни ја носи новата голема пресметка меѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз за златниот медал во Париз. Српскиот тенисер ќе се обиде да дојде до првото олимписко злато, но и самиот е свесен дека пред него стои најтешкиот противник, младиот Шпанец го игра најдобриот тенис во светот, оваа сезона го освои Ролан Гарос и Вимблдон.
Со оглед на годините, Новак оваа епизода може да ја опише како „Сега или никогаш“, бидејќи следните ЛОИ се играат во 2028 година во Лос Анџелес. Ноле стана петтиот играч кој успеал да се пласиран на сите Грен Слем финалиња и истовремено во финалето на ЛОИ.
„За мене е големо олеснување, си направив притисок за финалето и освојување на медал кој не е бронзен. Низ главата ми поминува полуфиналето, тензијата беше голема“, призна Ноле.
И двајцата тенисери до финалето стигнаа без ниту еден изгубен сет, што пак доволно говори за квалитетот на нивната нова пресметка.
Финалето треба да почне во 14 часот.