Американецот Ноа Лајлс беше најбрз на трката на 100 метри на Олимписките игри во Париз. Лајл истрча со време од 9.79 секунди и заврши прв. Тој ја обедини светската и олимписката титула и ја врати славата на Американците во оваа дисциплина.
За 0.005 секунди беше побрз од Кишен Томсон од Јамајка кој се задоволи со среброто. Бронзата е за Фред Керли од САД.
Ова е прво олимписко злато на 100 метри за Америка по Атина 2004 година и триумфот на Џастин Гетлин.
This was so close. Both Noah Lyles 🇺🇸 and Thompson Kishane 🇯🇲 clocked 9.79 😱 pic.twitter.com/wbfkv40qTW
— Adele (@Adele_lide) August 4, 2024
The fact that Noah Lyles won this race is insane.. five one thousandths of a second!!! pic.twitter.com/OMPydrHceJ
— Bri Lewerke (@brilewerke) August 4, 2024