Пријателски: Дианеси за победа на Вардар, Шкендија ремизираше, Шкупи убедлив, Гостивар го совлада Тиквеш…

1260

Попладнево повеќе наши прволигаши имаа “генералка“ во пресрет на стартот на сезоната следниот викенд.

Вардар со голот на Дианеси во 58.минута успеа да слави во Македонска Каменица против Саса.

Шкендија во Тетово одигра 1:1 против тимот на кососвски Феризај. Стрелец за тетовци беше Адам, а за гостите Глигоров.

Шкупи со 4:1 го декласира второлигашот Скопје и тоа со головите на Јумеми, Диене, Аворнио и Тамба.

Гостивар во меч одигран на Маџари успеа да го победи Тиквеш со 2:1.

ПретходноФинки урна светски рекорд на 1500 метри, Сјостром го освои второто злато
СледноНовак сака и на ОИ во Лос Анџелес