Удар за Шкупи – Серафимов ги скинал лигаментите

820

Фудбалерот на Шкупи, Давор Серафимов денеска имал успешна операција на лигаментите на коленото по сериозната повреда за време на последниот меч од подготовките во Болу, Турција. Серафимов се повредил на мечот со Игдир, поради што итно бил однесен во болница и опериран.
Поради сериозноста на повредата Серафимов ќе паузира најмалку шест месеци.

„Според докторите, операцијата минала добро и Серафимов сега ќе треба да мине рехабилитациска програма од шест месеци пред да може да се врати на терените. Сите во клубот му посакуваат брза рехабилитација и да биде уште посилен по враќањето во тимот“, се вели во објавата на ФК Шкупи.

ПретходноИталијанки испишаа историја, донесоа прво злато во тенис за својата држава
СледноДанска ја демолира Норвешка и со 100% ефект оди во четвртфиналето