Финки урна светски рекорд на 1500 метри, Сјостром го освои второто злато

97

Најдобрата шведска пливачка Сара Сјостром го освои златниот медал на трката 50 метри слободен стил на ОИ во Париз. Тоа е второ злато за Швеѓанката на овие Игри затоа што беше златна и на 100 метри слободно.
Taa исплива со време 23,71 за прво место. Второто место го освои Мег Харис од Австралија со време 23,97, додека бронзата и припадна на Жанг Јуфеи од Кина.

А Американецот Боби Финки исплива за златен медал на најдолгата трка на 1500 метри слободен стил, а притоа постави и нов светски рекорд. Тој постави време од 14:30,67 и стана прв кој ја пробил границата од 14:31 минути.
Сребрениот медал заврши на градите на Грегорио Палтриниери од Италија, а бронзениот медал го зема Даниел Вифен од Ирска.

Кај дамите пак, падна нов светски рекорд во Париз. Штафета на САД успеа да исплива вкупно време од 3:49,63. Реган Смит, Лили Кинг, Гречен Волш и Тори Хаск поставија рекордно време, победувајќи ја конкуренцијата. Претходниот рекорд го држеше американски квартет и изнесуваше 30:50.40 поставен во Гвангжу во 2019 година.

ПретходноТФТ го претстави американскиот бек Брајан Гринли
СледноПријателски: Дианеси за победа на Вардар, Шкендија ремизираше, Шкупи убедлив, Гостивар го совлада Тиквеш…