Се чини дека Атлетико Мадрид и Диего Симеоне се решени по секоја цена да го ангажираат Хулиан Алварез, светскиот шампион и напаѓач на Манчестер Сити. Ова по малку наликува и на една летна сага, посебно ако се знае дека “граѓните“ бараат за Аргентинецот неверојатни 90 милиони евра, тука се вклучени и бонусите.
Сепак Симеоне не се откажува, па така во понудата до Сити тој го ставил и Жоао Феликс, се со цел да се дојде до Алварез.
Прашање е сега дали Пеп Гвардиола би го сакал Португалецот во своите редови.