Полска по 48 години се пласира во полуфинале на одбојкарскиот турнир на ЛОИ

175

Репрезентацијата на Полска е полуфиналист на одбојкарскиот турнир на Олимписките игри во Париз. Полјаците славеа со 3-1 во сетови, а вечерва ќе го дознаат својот ривал во борбата за финалето, дали тоа ќе биде САД или Бразил.
Првиот сет го добија Полјаците со 25-20, потоа Словенците возвратија со 26-24. Следуваше сигурна игра на полските одбојкари и водство од 2-1 поради тоа што го добија третиот сет со 25-19 и во последниот 25-20.

Tака речиси по половина век Полска ќе се бори за медал на ОИ. Последен пат тоа го направила во 1976 година во Монтреал.

Денеска играат
Италија – Јапонија 13 ч.
Франција – Германија 17 ч.
САД – Бразил 21 ч.

ПретходноПлеј-оф за ЛШ: Динамо со Карабах или Лудогорец, Звезда против Боде или Јагиелонија
СледноЈувентус и Киеза во „војна“