Франција го завери своето место во полуфинале на Олимписките Игри во Париз, откако по пресврт ја совлада Германија со 3-2 во сетови.
Германија има за што да жали, бидејќи ги доби првите два сета со 25-18 и 28-26, но потоа целосно застана. Франција врати со 25-20 и 25-21 за драма во петтиот сет. Таму домаќинот на ЛОИ успеа да дојде до 15-13 за голема радост.
Претходно Италија славеше против Јапонија со 3-2 за четвртфинале каде ќе игра и Полска која со 3-1 беше подобра од Словенија.