Белингам го налути Анчелоти, но Вини ја средил работата (ВИДЕО)

482

Необичниот детал поврзан со две од големите ѕвезди Џуд Белингам и Винисиус Жуниор откри тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти. Тоа се случи на тренингот на тимот во Шарлот, САД, каде се подготвуваат за последниот претсезонски пријателски натпревар против Челзи.

„Одржувам контакт со играчите кои не се тука, но вчера му се налутив на Белингам бидејќи не одговори на мојот повик. Му реков на Винициус да му се јави и тој веднаш му дигна. Ми го подаде телефонот и можев да разговарам со Белингам. Затоа бидете внимателни“, изјави италијанскиот тренер.

Сепак, сето тоа Анчелоти со насмевка им го кажа на новинарите, што сепак покажува дека проблемот не е толку сериозен.

ПретходноПознати се групите на струшкиот турнир
СледноХрватска освои нов медал на ЛОИ