Витесе го сочува професионалниот статус

324

Славење во Арнем. Витесе го задржа професионалниот статус откако Фудбалската федерација им излезе во пресрет и им даде шанса да се рехабилитираат и да продолжат да бидат професионален клуб. Федерацијата им издаде лиценца за настап во втората холандска лига што значи дека на 9 август ќе ја стартува новата сезона во вториот по ранг натпреварување во Холандија.

Да потсетиме Витесе го загуби пролигашкиот статус за првпат по 35 години откако им беа одземени 15 поени поради прекршување на финансиските правила.
Клубот веќе некое време е во превирања, бидејќи се обидува и не успева да се ослободи од руската сопственост по инвазијата на Украина и санкциите на ЕУ против неговиот сегашен сопственик.

Немањето банкарска сметка, сметководител-ревизор и неможноста да се обезбеди буџетско салдо го оневозможи продолжувањето на лиценцата за сезоната 2024/25. Но, клубот сега објави дека успешно ја обжалил одлуката на одборот за лиценцирање и добил конечно известување од комисијата за жалби дека ќе го задржи сегашниот статус.

ПретходноМВП признанието за Никола Јаничиќ
СледноПроблеми за Италија – Тамбери е во болница, под прашалник е одбраната на златниот медал