Барса ја продава својата ѕвезда за 60 милиони евра!

405

Френки де Јонг, една од ѕвездите на Барселона и фудбалерот со најголема плата во Ла Лига, и покрај тоа што тој сака да остане, по се изгледа дека ќе мора да си оди.

Имено проблем за Барса е тоа што тој ја има најголемата плата и со неговото заминување тој буџет малку ќе се релаксира. Па затоа каталонскиот гигант сака по секоја цена да се ослободи од него.

Одредена е и цената, таа изнесува 60 милиони евра, за неговото заминување. Тоа е за 26 милиони евра помалку од пред пет години кога Де Јонг дојде од Ајакс во Барса.

Се шпекулира дека Манчестер Јунајтед е подготвен да плати 60 милиони евра за услугите на Холанѓанецот.

ПретходноПокрај Новак, награда од 200.000 евра ќе добие и селекторот Виктор Троицки!
СледноФранција по пресврт до полуфинале на ЛОИ