Иако постоеа некои дилеми, сега се чини дека и тие се расчистени. Столе Димитриевски во претстојната сезона и тоа ќе биде прв голман на Валенсија. Имено последните вести од Островот говорат дека Ливерпул и тоа како бил заинтересиран за Гиорги Мамардашвили, голманот на Грузија кој со своите фантастични одбрани на ЕУРО 2024 ги воодушеви сите фудбалски фанови.
Контактите меѓу Валенсија и Ливерпул се веќе остварени а “редси“ се подготвени за овој трансфер да исплатат 50 милиони евра, тука се сметаа и разните бонуси, само да го доведат Грузиецот.
Во тој случај јасно е дека Македонецот ќе биде прв голман на Валенсија.