Младиот играч од средниот ред на Челзи, Конор Галахер ќе се сели во Атлетико Мадрид откако „сините“ ја прифатиле понудата на шпанскиот клуб, информираат од Шпанија. Англискиот репрезентативец одбил да го продолжи договорот со Челзи, навестувајќи дека сака да си оди од „Стемфорд Бриџ“, па Челзи се најде во ситуација да мора да го продаде со оглед на тоа дека играчот има уште една година од договорот.
Атлетико понудил околу 33 милиони фунти што Челзи ги прифатил.
Галахер инаку продукт на академијата на Челзи и кој минатата сезона на неколку натпревари беше капитен, одбил нов тригодишен договор од лондонскиот клуб поточно две години плус уште една.
Тоа значи дека Челзи ќе загуби уште еден млад талентиран фудбалер кој доаѓа од академијата.