Ноле: Амиго, твоето злато ќе дојде! Карлито: Ти благодарам, титане!

2112

Се разбира за да се каже еден меч дека е епски, тогаш треба двајца екстра противници да бијат битка за победата. Така беше и вчера на финалето на тенискиот турнир меѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз. На крајот сепак победи искуството на Ноле и со тоа златото замина за Србија а среброто за Шпанија.

Дека е голем спортсмен тоа е јасно, и затоа Новак 24 часа по епскиот финален дуел на “Филип Шатрие“ му се обрати на Алкараз преку социјалните мрежи:

Благодарност за Карлос. Уште едно епско финале, пријателе. Ел Класико. Ти честитам тебе и на твојот тим на одличниот олимписки турнир. Со оглед на твоите години, енергијата, начинот на кој играш пред тебе се уште многу ОИ. Твоето злато ќе дојде. До следниот пат, амиго“.

По ова Ноле доби експресен одговор од Карлито:

Ти благодарам, титане! Не можам да го дочекан следниот дуел“.

ПретходноКонкурентот на Столе прави трансфер во Ливерпул?!
СледноСлушнете како арапскиот коментатор “збесна“ од радост по триумфот на Новак! (ВИДЕО)