Од 14 до 17 август ќе се одржи 52. издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга на кој учество оваа година ќе земат вкупно шест екипи.
Организаторот денеска ги откри групите. Бранителот на пехарот, Вардар 1961 ќе игра против Ескилстуна Гуиф од Шведска и Тиквеш од Македонија во групата А. Македонскиот првак Пелистер, е во групата Б заедно со грчки ПАОК кој го завзема местото на Олимпиакос, како и домаќинот Струга.