По освојувањето на златниот медал се огласи Перо Антиќ

10110

Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години после две години повторно ќе игра во европската елита. Во финалето на ЕМ „Б“ нашите момци ја совладаа Австрија, а патот до златниот медал го изодеа без ниту еден пораз, со храбра игра и неверојатна борбеност.

Во игрите на кошаркарите уживаа сите, а се чини најголемото задоволство е кај првиот човек на КФСМ, Перо Антиќ, кој на социјалните мрежи објави неколку фотографии кој потенцира што значи да се биде репрезентативец и воедно испрати голема благодарност до Премиерот, Христина Мицкоски, Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, до публиката, но и до Владиката.

„Да се носи националниот дрес на грб и да се бранат националните бои е највисоката чест и одговорност за еден спортист.
Како Претседател на Кошаркарската Федерација имам огромна одговорност кон националните тимови заедно со моите соработници да им ги овозможам најповолните услови за работа и успех.
Среќен сум што луѓе како Претседателот на Владата, господинот Христијан Мицкоски @hristijan_mickoski ја препознаваат напорната работа на тимот во целост и ни даваат дополнителен ветер во грб за да продолжиме ние како Федерација да им ја пружаме најголемата поддршка на нашите репрезентации, а тие достојно да го трасираат патот кон успехот.
Благодарен сум и на Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски @mucunski кој неуморно стои зад нас во сите наши подвизи.

Благодарен сум и на Неговото Блаженство Господин Господин Стефан кој одвои дел од неговиот ден да се сретнеме и да поразговараме.

Последно, и можеби најважно, благодарен сум и на сите кои одвоија дел од своето време да ги бодрат нашите момци од трибините во изминатите 10 дена“. 

ПретходноЗагрижувачки вести од тренингот на Србија пред пресметката со Австралија
СледноАбутовиќ: Мислам дека ќе бидеме „тврда орев“ за сите во Лигата на шампиони