РК Пелистер го ангажираше Лембанов за нов асистент во стручниот штаб!

140

Како што велат од таборот на РК Пелистер, во остварување на целите потребен е силен управувачки тим, стручен штаб и врвни ракометари.

Токму затоа 26-годишниот Алексо Лембанов е ангажиран за нов асистент тренер на шампионот на Македонија и заедно со главниот тренер Бранислав Ангеловски и тренерот на голмани Ице Соколески го сочинуваат стручниот штаб. Се работи за млад стручњак, кој континуирано работи и се усовршува. Јавноста го запозна со работата во Пролет, а кратко беше во стручниот штаб на Ал-Сафа во Саудиска Арабија.May be an image of 2 people, people playing soccer and text

Лембанов ќе се приклучи на подготовките на екипата на Еурофарм Пелистер на Златибор.

ПретходноОва е комплетниот распоред на есенскиот дел од сезоната 2024/25 во ВМФЛ!
СледноШампионите на прием кај Христијан Мицкоски! (ФОТО)