Аталанта го загуби пријателскиот меч со Парма со 4:1, а притоа го загуби и напаѓачот Џанлука Скамака. Италијанскиот репрезентативец на овој меч ги скинал лигаментите на коленото и утринава е опериран во Рим. Тој ќе паузира најмалку шест месеци што значи дека на терените нема да се појави пред 2025 година.
Аталанта како освојувач на Лига Европа ќе игра против Реал Мадрид на 14 август во рамките на УЕФА Суперкупот. Сезоната во Серија А ја почнува на 19 август на гости кај Лече.
🚑 𝐀𝐥𝐥𝐚𝐫𝐦𝐞 𝐒𝐜𝐚𝐦𝐚𝐜𝐜𝐚: 𝐟𝐢𝐧𝐢𝐬𝐜𝐞 𝐊𝐎! 😰
Gianluca #Scamacca è costretto ad abbandonare il campo al 49’ a causa in un infortunio che non lascia presagire 𝐧𝐮𝐥𝐥𝐚 𝐝𝐢 𝐛𝐮𝐨𝐧𝐨.
Entra al suo posto Charles De Ketelaere.
#atalanta pic.twitter.com/VYC6F7hDUi— Sportitalia (@tvdellosport) August 4, 2024