Франција го слави Матета – „триколорите“ ќе се борат за златниот медал на ЛОИ

245

Жан Филип Матета е името кое вечерва го слави Франција. Благодарение на овој фудбалер домаќинот на ЛОИ успеа да се пласира во финалето. Со неговите два гола, Франција го победи Египет после продолженија со 3-1.

Франција за противник во финалето на ЛОИ ќе ја има селекцијата на Шпанија.

По 0-0 во првото полувреме, Египет со голот на Сабер поведе во 62-та минута. Матета прво израмни во 83-та минута (1-1), а потоа во првото продолжение и донесе водство на Франција од 2-1. „Триколорите“ не само што се извлекоа, туку и дојдоа до поубедлива победа со голот на Олисе во 108-та минута.

ПретходноАмериканците си закажаа полуфинале со Полска
СледноФилкруг направи изненадувачки трансфер: Дојдов во голем клуб и најдобра лига на светот