Шпанија ќе игра за златниот медал и на ЛОИ

222

Шпанија после пресврт се пласираше во финалето на ЛОИ во Париз. По освојувањето на неодамна завршеното ЕП во Германија, оваа земја сега има шанса да дојде до нов златен медал.

„Фуријата“ до победата над Мароко 1-2 дојде благодарение на двата гола во второто полувреме.

Мароко поведе во 37-та минута со голот на Рахими од белата точка. Шпанците се мачеа долго време, дури во 66-та минута преку Лопез израмни на 1-1, победничкиот гол „фуријата“ го постигна во 85-та минута, стрелаше Санчез.

Шпанија за противник во финалето ќе го има подобриот меѓу Франција и Египет, меч кој стартува во 21 часот.

ПретходноФранција по пресврт до полуфинале на ЛОИ
СледноНишто од „бомбата“ на Јувентус, Германецот одби трансфер