Јувентус и Киеза во „војна“

360

Пукна љубовта меѓу Јувентус и Федерико Киеза. Италијанскиот крилен напаѓач до крајот на август ќе мора да го реши својот статус, дали ќе остане во Торино или ќе оди во друг клуб. Тренерот Тијаго Мота веќе го изостави фудбалерот за пријателскиот меч со изјава дека му кажал што поскоро да го реши својот статус за доброто на тимот и за себе.

Причината е што Киеза е незадоволен од тактичките замисли на Мота. Тоа значи дека Киеза ќе неможе да игра стандардно и ќе мора на некои натпревари да седи на клупата. Со оглед на тоа дека Киеза има договор до 2025 година, Јувентус ќе мора или да го продаде што поскоро или да ризикува да го изгуби бесплатно идната година.

Веќе се шпекулира дека Јувентус сака да го размени Киеза со фудбалерот на Интер, Давиде Фратези што е малку веројатно да се случи. Други информации се дека агентот на играчот Фали Рамадани е во Лондон на преговори со Челзи и Тотенхем.
Јувентус за Киеза бара меѓу 15 и 20 милиони евра и веќе се пишува кој би можел да биде замената – Нико Гонзалез од Фиорентина или Галено и Франциско Консеисао, двајцата од Порто.

ПретходноПолска по 48 години се пласира во полуфинале на одбојкарскиот турнир на ЛОИ
СледноПознати се двојките за 1.коло во ВМФЛ: Брегалница – Победа на стартот!