Загрижувачки вести од тренингот на Србија пред пресметката со Австралија

3424

Српските кошаркари утре ќе го одиграат четвртфиналниот натпревар на Олимписките игри во Париз. Противник е Австралија, а одредени проблеми пред овој дуел има селекторот Светислав Пешиќ.

Загрижувачки е фактот што Никола Јовиќ денеска го немаше во тимот. Крилниот центар на Мајами Хит имаше проблеми со повреди по пристигнувањето во репрезентацијата, а сега не се чувствува баш најдобро и го пропушти тренингот.

„Јовиќ не се чувствува добро, па го оставивме во хотелот, утре ќе биде добро“, тврди Пешиќ.

Доколку ја минат Австралија, „орлите“ ќе се соочат со победникот од дуелот САД – Бразил.

„Какви Американци, какви Американци. Треба да го преживееме овој натпревар“, изјави Пешиќ на тренингот пред Австралија.

ПретходноДуплантис ги допре небесните височини и постави нов светски рекорд на ЛОИ
СледноПо освојувањето на златниот медал се огласи Перо Антиќ