Илија Абутовиќ е едно од новите засилувања во редовите на Пелистер за новата сезона. Битолчани ќе ја бранат шампионската титула, а покрак атак на Купот на Македонија, повторно ќе бидат дел од Лигата на шампиони. Токму екс-вардарецот ќе биде дел од мозаикот, кој треба да донесе многу подобри резултати на европска сцена.
Абутовиќ е среќен што повторно е во Македонија. Задоволен е од составот на тимот, што пак е причина да верува дека ќе бидат тежок противник за големите имиња во ЛШ.
„Многу сум среќен што се вратив во Македонија и што повторно ќе играм во Лигата на шампионите со еден македонски тим. По тоа што го гледам, мислам дека ќе имаме добра и борбена екипа, со два добри голмани. Се надевам дека ќе извлечеме добар резултат во домашното првенство и Лигата на шампионите.
Цело време ги читам македонските медиуми, гледам натпревари. Го следев и македонското првенство, особено дерби пресметките. Ми се допаѓа што лигата е многу поправена и посилна, делува дека е апсолутно израмнето со четири-пет одлични екипи.
Ми делува дека ќе бидеме „тврд орев“ за сите и во Лигата на шампионите, особено дома. Мора да бидеме борбени и се надевам дека ќе направиме нешто добро“, изјави Абутовиќ.