Во третото коло од полскиот шампионат Пијаст Гливице приреди изненадување со тоа што како гостин ја совлада Легија, а голот на одлука го постигна македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов.
По првото полувреме беше 1:1, а тој резултат стоеше се до 85 минута кога Костадинов успеа да ја смести топката во мрежата и да донесе голема победа на Пијаст.