Уште пред да почнат ЛОИ во Париз, се знаеше дека секој златен медал од страна на српските спортисти ќе биде вреднуван или премиран со по 200.000 евра. Ова е една од најголемите премии на овие ЛОИ. Јасно е дека за златниот медал во сингл во тенис, Новак Ѓоковиќ од страна на Владата на Р. Србија ќе ја добие таа сума, но денеска дојде појаснување дека не само Новак, туку и селекторот на тениската репрезентација на Србија, Виктор Троицки, ќе добие 200.000 евра.