Олимпискиот шампион во скок во височина од Токио 2021, Џанмарко Тамбери се најде во проблеми. Италијанецот кој се лекуваше од повреда, повторно е со здравствен проблем. Европскиот шампион од Рим има висока температура и најверојатно камен во бубрезите.
„Сега лежам беспомошен на креветот со 38,8 температура. Ги направивме сите анализи. Веројатно е камен(ња) во бубрезите. Требаше да одам во Париз и да се натпреварувам, но го одложив патувањето. Останува да чекам и да се молам. Направив се за да се натпреварувам на ОИ и ова не го заслужувам. Ќе направам се за да се натпреварувам, ќе ја дадам душата до последниот скок без разлика каква е ситуацијата“, напишал Тамбери.
View this post on Instagram