Како што велат од таборот на РК Пелистер, во остварување на целите потребен е силен управувачки тим, стручен штаб и врвни ракометари.
Токму затоа 26-годишниот Алексо Лембанов е ангажиран за нов асистент тренер на шампионот на Македонија и заедно со главниот тренер Бранислав Ангеловски и тренерот на голмани Ице Соколески го сочинуваат стручниот штаб. Се работи за млад стручњак, кој континуирано работи и се усовршува. Јавноста го запозна со работата во Пролет, а кратко беше во стручниот штаб на Ал-Сафа во Саудиска Арабија.
Лембанов ќе се приклучи на подготовките на екипата на Еурофарм Пелистер на Златибор.