Да е еднаш може да се прости, ама ако тоа се прави по вторпат и повторно тоа да го правиш кога најдобриот во историјата води, е тогаш тоа е веќе со намера.
Имено вчера веднаш по првиот сет на тениското финале меѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз, кој го доби Србинот, Би-би-си го прекина ТВ преносот и се префрли на настаните од гимнастика на ЛОИ во Париз.
Па така гледачите во В. Британија не можеа докрај да го гледаат тој епски меч и не можеа да видат како Новак го освојува златото.
Интересно, исто вака се случи и за време на мечот од 2.коло меѓу Новак и Рафа Надал, и тогаш уредниците на Би-би-си очигледно не можеа да гледаат како Србинот победува па го прекинаа ТВ преносот за време на мечот.