И на 79 години не застанува – Луческу назначен за селектор на Романија

165

Фудбалската федерација на Романија го именува Мирчеа Луческу како селектор на репрезентацијата. Договорот е на две години и со тоа 79-годишниот тренер вторпат седнува на клупата на романскиот национален тим. Тој ќе го замени Едвард Јорданеску кој замина по ЕП 2024.
Луческу има задача да ја однесе Романија до СП 2026 кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
„Вртиме нов лист. А тоа значи одиме по пласман на СП. Донесовме тренер го големо искуство. Мирчеа Луческу е вистинскиот човек за тоа“, изјави првиот човек на ФФ на Романија, Разван Бурлеану.
Луческу претходно ја водеше Романија од 1981 до 1986 година.

ПретходноСимонс се врати во Лајпциг, повторно ќе му биде конкурент на Елмас
СледноСагата е завршена – Нико Вилијамс не оди ни во Барса ни во ПСЖ, останува во Атлетик