Иако минаа два дена од тоа епско финале на тенискиот турнир на ЛОИ во Париз, во кое Новак Ѓоковиќ освои златен медал, емоциите и натаму не стивнуваат. Еден од “виновниците“ за тоа е и самот Новак кој не пропушта шанса на своите социјални мрежи да искоментира нешто по тој повод.
Па така тој денеска им се обрати на своите сограѓани со следната порака:
„Никогаш немаше да се откажам од својот сон за златен медал, како што и народот во Србија никогаш не се откажа од мене. Заедно верувавме во невозможното. Иако јас сум тој кој го држи овој златен медал, сакам да се знае дека тој ни припаѓа на сите нас. Да се претставува својата нација е најголема чест за секого. Овој медал, овие моменти, овој живот – ништо немаше да се случи ако не беше вашата непоколеблива поддршка. Се ова е поради вас. Ова е за вас. Ви благодарам“ напиша Ноле на своите социјални мрежи со што сподели и видео.
I could never give up on the dream of winning this gold medal, just as the people of Serbia have never given up on me. Together, we believed in the impossible. While I may be the one holding this medal, I want every Serbian to know that it belongs to all of us.
Representing our… pic.twitter.com/m6GMFR4fnQ
— Novak Djokovic (@DjokerNole) August 6, 2024