Олмо се договори со Барселона – Романо ги откри деталите!

157

Дани Олмо потпишува за Барселона. Сигурниот инсајдер Фабрицио Романо тврди дека трансферот е завршен. РБ Лајпциг ќе добие 55 милиони евра и бонуси во висина од седум милиони евра. Олмо ќе потпише на шест години. Шпанскиот напаѓач претходно ги договори сите услови за соработка со Барселона, а денеска спортскиот директор на Барса Деко ја заврши својата работа во Германија.

За Лајпциг постигна 29 и асистираше на 34 гола на 148 натпревари. Играјќи за Динамо стана и шпански репрезентативец. На 38 настапи за репрезентацијата постигна 11 и постави 9 гола. Тој се истакна на неодамнешното ЕУРО каде ја предводеше репрезентацијата до титулата со три гола и две асистенции.

ПретходноВладата со три милиони денари ќе ги награди златните момчиња
СледноЈа обоија куќата на Меси на Ибица и му порачаа: Вашиот луксуз ни води кон климатска криза