Симонс се врати во Лајпциг, повторно ќе му биде конкурент на Елмас

259

Холандскиот фудбалер Чави Симонс повторно е во РБ Лајпциг. ПСЖ и Лајпциг се договорија за нова позајмица до јуни 2025 година што значи дека играчот од средниот ред повторно ќе го гледаме во дресот на „биковите“ и силна конкуренција на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Симонс имаше успешни настапи минатата сезона, со осум голови и 11 асистенции, а Лајпциг заврши на четвртото место. Потоа Симонс беше поврзуван со неколку клубови меѓу кои Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен, но од тоа не излезе ништо.
Симонс е третото засилување за Лајпциг ова лето по голманот Мартен Вандеворд и играчот од средниот ред Асан Уедраого.

ПретходноБрера-Вардар во недела под рефлектори
СледноИ на 79 години не застанува – Луческу назначен за селектор на Романија