Вечерва во “Берси“ во Париз се одигра последниот четвртфинален меч од кошаркарскиот турнир на ЛОИ во кој моќната селекција на САД со 122:87 успеа да го декласира Бразил и со тоа да си закаже нова пресметка со Јокиќ и неговата Србија. Полуфинале кое е на програмата во четврток. Да потсетиме дека овие две селекции се сретнаа и во 1.коло во групната фаза.
Се чини дека овој меч со Бразил беше само полесен тренинг за Леброн и другарите. Уште од стартот пресилната селекција на САД покажа кој е кој и само ја билдаше разликата во своја корист.
На полувремето беше 63:36, за да на крајот резултатот гласеше 122:87 за нова убедлива победа на главниот фаворит за златниот медал.
Треба да се каже дека со вечерашните 11 поени Кевин Дурент стана најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на САД, иако му беа потребни само шест поени да го урне рекордот.
Инаку најефикасни вечерва беа Букер со 18 и Едвардс со 17 поени.
Ќе може ли Србија да ја запре оваа кошаркарска машинерија? Останува да се види во четврток вечер.