Грците го слават својот херој: Тентоглу повторно со круната во скок во далечина!

160

Како што и се очекуваше. Милтијадис Тентоглу од Грција успеа да ја оправда улогата на фаворит во дисциплината скок во далечина и да се закити со златниот медал.

Тентоглу успеа да скокне 8.48 метри. Втор беше Пинок од Јамајка со прескокнати 8.36 метри, додека трет беше сензационалниот тинејџер од Италија, Матија Фурлани со 8.34 метри.

Тентоглу успеа да го одбрани златото од Токио, сега му останува само да сонува за светскиот рекорд.

Со две злата едноподруго во оваа дисциплина може да се пофали само уште легендарниот Карл Луис.

ПретходноБрегалница се пофали со четири засилувања! (ФОТО)
СледноСпектакл на 200 метри: Габи Томас најбрза, среброто за Алфред од Света Луција!