Британката Кели Хоџкинсон е новата олимписка шампионка на 800 метри. 22-годишната атлетичарка која оваа сезона стана Европска шампионка го подобри и пласманот од Олимпијадата во Токио кога заврши втора.
Во Париз таа ја заврши делницата со време 1:56.72 минути. Втора, со време 1:57.15 минути заврши овогодишната светска шампионка во сала во оваа дисциплина, Сиге Дугума од Етиопија.
Третото место е за светската шампионка на отворено во истата дисциплина, Мари Мора од Кенија со време 1:57.42 минути.
The favorite has delivered finally
🇬🇧Kelly Hodgkinson 800m 🏅#Paris2024 pic.twitter.com/UFpQFvks0H— pramodprasannan (@pramodprasannan) August 5, 2024