Костески: Убаво е чувството да се вратиш во Македонија – особено во еден проект како Алкалоид

137

После осум години, Никола Костески се врати во Скопје. Повратникот во нашиот национален тим ја прифати понудата на Алкалоид, и тој е едно од четири засилувања на бранителот на пехарот во Купот на Македонија.

Од него се очекува да го пренесе своето искуство на младите ракометари и заедно да ги остварат амбициите за тимот.

„Убаво е чувството на враќање во Македонија по толку години во странство. Осум години бев надвор од државата. Прекрасно е пак да си назад, особено во ваков проект како Алкалоид. Имаме добар млад тим, јас како поискусен дојдов тука да помогнам колку што можам. Знаеме кои се целите на клубот, одиме напред и ќе се држиме по плановите на тренерот Лазаров. Се надеваме на добар успех оваа година.
Се познаваме со повеќето играчи од репрезентацијата, сите се борат да успеат на теренот. За македонската репрезентација убаво е што ќе играме сите заедно, добро се познаваме и мислам дека оваа екипа ќе има во иднина многу голем напредок. Ќе играме и во ЕХФ Купот, се надевам дека ќе влеземе добро подготвени, а целите се јасни – секогаш одиме на победа“

ПретходноСудија кој им судел на репрезентацијата на Македонија и на Шкупи уапсен поради кражба на сообраќајни знаци!
СледноИбрахимовиќ: Не верувам во Господ! Каде беше тој кога мојот брат умре од леукемија?