Кошаркарките убедливо поразени и од Бугарија

67

Женската репрезентација на Македонија „Под 18“ години го забележа и третиот пораз на ЕП „Б“ Дивизијата кое се игра во романскиот Плошети. Овој пат избраничките на Горан Крстевски беа совладани од Бугарија со 44-89.

Македонија мечот го загуби уште во првата четвртина која ја загуби со 31-9, во продолжение противникот ја искористи својата моќ и без проблем го одржуваше водството.

Јована Димковска со 11.поени беше најефикасниот играч во нашата репрезентација, Јана Пислевска постигна 10, а Милица Николиќ и Ана Ангеловска и Зара Стојковска реализираа по шест. .

Во последното коло од натпреварите во групата „А“, утре поладне, од 17.30 часот, ќе играме против репрезентацијата на Норвешка.

ПретходноСрбија се врати од бездната: Од минус 24 и продолжение до полуфинале на ЛОИ
СледноРебиќ се враќа во Серија А