Вечерва се одиграа неколку натпревари од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Се чини најинтересно беше во Лил, каде домашниот состав со гол во 92.минута преку Жегрова успеа да слави против Фенербахче на Жозе Мурињо со 2:1. Французите поведоа со голот на Сантос во 12.минута, додека Фенер израмни на 1:1 во 80.минуита со голот на Кавечи.
Сепак и овој пораз од 2:1 не е толку трагичен за турскиот тим ако се знае дека реваншот се игра во Истанбул.
На останатите денешни средби се постигнаа следните резултати: Карабах – Лудогорец 1:2, Малме – Паок 2:2, Митјиланд – Ференцварош 2:0, Динамо Киев – Ренџерс 1:1, Спарта Прага – ФЦСБ 1:1 и Салцбург – Твенте 2:1.