Новак емотивно: “Нека знае секој Србин, овој златен медал ни припаѓа на сите нас!“(ВИДЕО)

238

Иако минаа два дена од тоа епско финале на тенискиот турнир на ЛОИ во Париз, во кое Новак Ѓоковиќ освои златен медал, емоциите и натаму не стивнуваат. Еден од “виновниците“ за тоа е и самот Новак кој не пропушта шанса на своите социјални мрежи да искоментира нешто по тој повод.

Па така тој денеска им се обрати на своите сограѓани со следната порака:

Никогаш немаше да се откажам од својот сон за златен медал, како што и народот во Србија никогаш не се откажа од мене. Заедно верувавме во невозможното. Иако јас сум тој кој го држи овој златен медал, сакам да се знае дека тој ни припаѓа на сите нас. Да се претставува својата нација е најголема чест за секого. Овој медал, овие моменти, овој живот – ништо немаше да се случи ако не беше вашата непоколеблива поддршка. Се ова е поради вас. Ова е за вас. Ви благодарам“ напиша Ноле на своите социјални мрежи со што сподели и видео.

ПретходноИбрахимовиќ: Не верувам во Господ! Каде беше тој кога мојот брат умре од леукемија?
СледноРК Пролет промовираше две нови имиња! (ФОТО)