Одржан редовен работен состанок со делегати од ПМФЛ и ВМФЛ!

145

Спроти почетокот на новата натпреварувачка 2024 – 2025 сезона во македонскиот фудбал, Комисијата за натпреварување при Фудбалската федерација на Македонија го организираше редовниот семинар за делегати во натпреварите од Прва и Втора МФЛ.

На семинарот се дискутираше за новата натпреварувачка сезона која почнува наредниот викенд, односно промената на одредени точки во Пропозициите за Прва МФЛ, Втора МФЛ и Куп натпреварите, односно нивното дополнување.

На редовниот семинар присутните имаа можност да го слушнат и предавањето од страна на Роберт Марковиќ од Комисијата за безбедност и интегритет при ФФМ, во кое беше детално објаснета и програмата на Уефа што се однесува до еден од најголемите проблеми во модерниот фудбал, а тоа е местење на натпревари.

На редовниот работен состанок, беше одржано предавање од страна на членот на судската комисија за едукација и анализа при Фудбалската федерација на Македонија, Марјан Кироски, со кое беа објаснети измените во правилата на фудбалската игра за новата сезона во македонскиот фудбал, а кои се во согласност со Уефа критериумите.

ПретходноРебиќ се враќа во Серија А
СледноСудија кој им судел на репрезентацијата на Македонија и на Шкупи уапсен поради кражба на сообраќајни знаци!