Ракометарките на Данска се полуфиналистки на ОИ

103
FOTO: International Handball Federation

Женската ракометна репрезентација на Данска се пласираше во полуфиналето на Олимписките игри во Париз. Во првиот четвртфинален меч, Данска славеше победа над Холандија со 29-25 и со тоа осигура место меѓу четирите најдобри.
Холанѓанките го отворија мечот со 0-4, имаа и водство од 3-7, а Данките се разбудија во финишот на првиот дел и дојдоа до предност од еден гол (11-10).

Во вториот дел Данките тргнаа со серија од 4-0 и стекнаа предност од пет гола која ја сочуваа до крај. Данската голманка Алтеа Рајнхарт имаше неколку одлични интервенции, а мечот го заврши со 18 одбрани. Хансен и Фрис постигнаа по шест гола. Кај Холандија Хушер и Ван Ветеринг постигнаа по седум.

Данска во полуфиналето ќе го чека подобриот од мечот Бразил-Норвешка (се игра вечерва од 21:30 часот). Другите четвртфинални двојки се Франција-Германија (почеток 13:30 часот) и Унгарија-Шведска (17:30 ч.).

ПретходноРивер го врати трофејниот Гаљардо на кормилото
СледноГерманците се во полуфинале, Антетокумпо и Грција испратени дома