Анте Ребиќ повеќе не е член на турски Бешикташ, откако клубот од Истанбул го раскина договорот со него. Бешикташ се прости од поранешниот хрватски репрезентативец со кратка изјава во која нема желба за успешно продолжување на кариерата, како што е вообичаено кога клубот се разделува со играчите.
Ребиќ минатото лето пристигна во Бешикташ како слободен играч откако му истече договорот со Милан. За турскиот клуб одигра само 23 натпревари со просечни 30 минути по натпревар. За толку скромна минутажа постигна еден и асистираше за пет гола.
Според клубот договорот е раскинат договорно и тоа е единствената информација која се дава. Ребиќ беше врзан за Бешикташ за сезоната 2024/2025, а наводно заработувал четири милиони евра по сезона. Послабата форма, бројните повреди и кавги со клупските челници доведоа до тоа денес да биде слободен играч.
Тоа значи дека Ребиќ може повторно да биде ангажиран без обештетување, а италијанскиот портал Goalsicilia тврди дека најверојатно тој ќе се врати во Серија А. Според нивните тврдења, најзаинтересиран е Удинезе, но и Верона за која Ребиќ веќе има настапувано.
Тој беше член на тој клуб во сезоната 2015/2016. како позајмен играч од Фиорентина. На десет настапи немаше конкретен ефект. Поранешниот хрватски репрезентативецво својата кариера настапуваше и за РНК Сплит, Фиорентина, РБ Лајпциг, Ајнтрахт Франкфурт и Милан. За хрватската репрезентација има 42 настапи и три гола.