Ривер го врати трофејниот Гаљардо на кормилото

100

Аргентинскиот Ривер Плата го врати на кормилото трофејниот тренер Марсело Гаљардо кој го наследува Мартин Демикелис. Гаљардо работеше во Ривер од 2014 до 2022 година, а во тој период освои четиринаесет титули, меѓу кои двапати Копа Либертадорес.
По девет одиграни кола Ривер е на 11 место со 14 бодови (четири победи, две ремија и три порази).

Првиот меч во вториот мандат на клупата на Ривер, Гаљардо ќе го има на 11 август против Уракан на домашен терен, а четири дена подоцна ќе го игра првиот меч од осминафиналето на Копа Либертадорес против Таљерес де Кордоба од Аргентина.
Во меѓувреме Ривер го претстави и Герман Пецела како засилување во нападот. Тој доаѓа од Бетис.

ПретходноСагата е завршена – Нико Вилијамс не оди ни во Барса ни во ПСЖ, останува во Атлетик
СледноРакометарките на Данска се полуфиналистки на ОИ