Сагата е завршена – Нико Вилијамс не оди ни во Барса ни во ПСЖ, останува во Атлетик

456

Шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс кој беше еден од најзаслужните за европската титула на Шпанија нема да ја менува средината. Вилијамс одлучи да остане во Атлетик Билбао и со тоа да стави крај на шпекулациите за негов трансфер во Барселона или во Пари Сен Жермен.
Се вратив. Се радувам на новата сезона. Напред, Атлетик“, изјави Нико пред утрешниот тренинг.
Вилијамс е роден во Памплона, бил во младите категории на Осасуна, па во Атлетик Билбао. Од 2020 година е во првиот тим на Атлетик.

Тој има договор со Атлетик Билбао до 2027 година.

ПретходноИ на 79 години не застанува – Луческу назначен за селектор на Романија
СледноРивер го врати трофејниот Гаљардо на кормилото